ЕЛКОЛЕКТ ВО МЕДИУМИ

image

По успехот на двата изминати циклуси од наградната игра “Да рециклираме и да се наградуваме“, Елколект најавува почеток на уште една нова, мотивирачка еко акција за чистење на домовите од електронскиот и електричен отпад

image

Низ корисни информации и едукативни совети за граѓаните, комапнијата Елколект ДОО, потсети на неопходноста од посебен третман на електричниот и електронски отпад кој не смее да се меша со останатите видови отпад.

image

Вчера, во просториите на Град Скопје, градоначалниот Коце Трајановски, ја додели наградата за компанија со најголем придонес во заштита на животната средина за 2017 година, на компанијата Елколект.

image

По минатогодишната еко акција успешно реализирана во Општините: Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци под мотото „Да рециклираме и да се наградуваме", која резултираше со создравање на добри навики кај жителите на наведените општини, Елколект одлучи да ги продолжи своите активности и оваа година во иста насока.

image

Од оваа пролет, заклучно со месец ноември, компанијата Елколект започна голема еко акција за собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ 11 општини во Република Македонија.
Општините кои се опфатени со оваа еко акција се: Битола, Куманово, Охрид, Гази Баба, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Ранковце, Василево, Дебрца ,  и Ново Село.

image

Маркетинг менаџерот на Елколект, Здравко Зинзиров, заедно со  учениците од основното училиште „Стив Наумов“ и нивната професорка по физика Биљана Ристоска, денес гостуваа во најгледаната утринска емисија во Република Македонија, „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија.

Поводот за гостувањето беше еко акцијата спорведена во основното училиште „Стив Наумов“ во која беа собрани 30 килограми отпадни батерии.

image

Компанијата Елколект го одбележа првиот пролетен ден со посета на основното училиште „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда, со цел да ги награди совесните ученици за нивната самоиницијативна акција за собирање отпадни батерии. Акцијата која учениците ја реализирале предводени од професорката по физика Билјана Ристоска резултираше со собрани 30 килограми отпадни батерии, кои совесните ученици не дозволија да се фрлат со останатиот отпад за од нив да се излеат опасните состојки и да предизвикаат загадување на почвата, подземните  или површинските води.

image

Загадувањето е веќе добро познат поим во целиот свет и тема на многу дебати. Информираноста на граѓаните расте, а со тоа и нивната свест за селектирање и управување со сопствениот отпад.

Сепак, на глобално ниво, навистина голем број на луѓе, од навика или неинформираност, се уште ги фрлаат своите стари електрични и електронски апарати и батерии во контејнери и канти за отпадоци заедно со остатоците од храна и органскиот отпад.

 

image

Загадувањето е веќе добро познат поим во целиот свет и тема на многу дебати. Информираноста на граѓаните расте, а со тоа и нивната свест за селектирање и управување со сопствениот отпад. Сепак, на глобално ниво, навистина голем број на луѓе, од навика или неинформираност, сеуште ги фрлаат своите стари електрични и електронски апарати и батерии во кантата за отпадоци заедно со остатоците од храна и органскиот отпад.

image

По завршувањето на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ“, показател за успешно реализираната акција на Елколект е фактот што Еко-магацините на Елколект во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Богданци и Гевгелија и по завршувањето на наградната игра се полнат со поголема динамика.

image

Голем интерес од граѓаните, конструктивна соработка со општински тимови и поддршка од градоначалниците, вака тимот на Елколект ја сумираше акцијата преку која беше осмислено да се поттикнат и наградат совесните граѓани за правилниот третман на електричниот и електронски отпад во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци.

image

Извлечени се 15те  наградни купони, на учесниците кои во тек на наградната игра оставаа електричен и електронски отпад во еко магацините на Елколект, во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци.

Во петте општини на 26ти декември 2016та, се организираа пригодни настани на кои присуствуваа дел од учесниците, тим на општините и претставници на Елколект.

image

Елколект ги известува учесниците во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" дека со оставање на дека својот електронски и електричен отпад во еко магацините на Елколект во општините: Ѓорче Петров, Берово, Карпош, Богданци и Гевгелија, може да учествуваат во наградната игра до 26ти декември. Воедно се известуваат граѓаните на овие оптштини дека на 26ти декември во просториите на нивните општини ќе одвива извлекувањето на до тогаш доставените купони за учество.

image

 

Почна еколошката акција на „Елколект“ за ослободување од опасниот електронски и електричен отпад на територијата на општина Карпош во која секој граѓанин што ќе партиципира до 24 декември по автоматизам учествува во новата наградна игра „Да рециклираме и да се наградуваме“.

Со оставање на старите и нефункционални електрични и електронски апарати во еко-магацините на „Елколект“ граѓаните можат да освојат лаптоп, телевизор или правосмукалка. Препознатливите црвени еко-магацини на „Елколект“ во општина Карпош се наоѓаат на две локации, кај ООУ „Петар Поп Арсов“ и ООУ „Војдан Чернодрински“.

image

Компанијата Елколект, во соработка со општините на територија на Република Македонија, каде се веќе поставени препознатливите црвени еко магицини на Елколект, востановува пракса за наградување на совесните граѓани кои одговорно се однесуваат со ослободувањето од  електричниот и електронски отпад, а во прилог на зачувување на животната околина и човековото здравје. По успехот на активностите меѓу кои и наградната игра реалзирана минатата година, во општина Битола, Елколект најавува акција за собирање на електричен и електронски отпад во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци.

image

Компанијата Елколект, во соработка со општините на територија на Република Македонија, каде се веќе поставени препознатливите црвени еко магицини на Елколект, востановува пракса за наградување на совесните граѓани кои одговорно се однесуваат со ослободувањето од  електричниот и електронски отпад, а во прилог на зачувување на животната околина и човековото здравје. По успехот на активностите меѓу кои и наградната игра реалзирана минатата година, во општина Битола, Елколект најавува акција за собирање на електричен и електронски отпад во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци.

image

Скапо платениот модерен компјутер, телевизор, фрижидер или друг електричен или електронски уред кога ќе дотрае станува отпад, скап отпад. Не само затоа што е скапо платен, туку затоа што е токсичен.

До 50 милиони тони електричен отпад се исфрла во светот во тек на една година. Иако е тоа само околу 2% од вкупната количина на различни видови отпад од домаќинствата и компаниите, токму  отпадната електрична и електронска опрема учествува со неверојатни 70% во целокупниот токсичен отпад.

image

Кога вашиот ТВ екран излегува од мода или престанува да работи, станува опасен отпад.

Колку сме свесни за тоа како се постапува со електричен и електронски отпад и за неговото штетно влијание врз нашето здравје и животната среднина, говори вчерашната слика направена од минувач, а објавена на официјалната Facebook страница на „Елколект“.

image

Регулирањето на трошењето на вода дефинитивно е начин како поединците позитивно да влијаат на зчувување на планетата. Превземањето мерки да се користи помалку вода е нешто што можете да почнете да го направите веднаш. Ако живеете во област со недостаток на вода, овој чекор е од исклучителна важност за здравјето на животната средина во вашата околина.

image

Цената на технолошката револуција доаѓа и во форма за која многу малку се зборува, а тоа е отпадот. Неговата лавина се заканува сите да не затрупа. Светот се дави во сопствениот електронски и електричен отпад, односно во продуктите од својот развој и напредок. Во текот на минатата година, на депониите ширум светот завршило рекордно количество, односно 42 милиони тони т.н. е-отпад. Најмногу отпад генерирале токму земјите што најмногу се фалат со својата развиена еколошка свест.

image

Граѓаните на Крива Паланка неупотребливиот електронски и електричен отпад, апарати и нивни делови можат да го одлагаат во првиот определен собирен пункт од страна на Општината кој се наоѓа покрај кејскиот зид кај Автобуската станица.

image

Согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и електрична и електронска отпадна опрема Градоначалникот на Општината Крива Паланка потпиша Меморандум за разбирање и Договор за меѓусебна соработка помеѓу Општината Крива Паланка и лиценцираниот овластен собирач на отпадна електронска електрична опрема фирмата ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје. Отпочнувањето на активностите за организирано одделно собирање на електрична електронска отпадна опрема ќе започне во текот на наредната недела и тоа на две локации.

image

Во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“ финансиран од Американската aмбасада во Скопје, со подршка на општина Карпош и компанијата за постапување со е-отпад „Елколект “Доо Скопје, денеска, Центарот за климатски промени, одржа две едукативни презентации на тема електричен и електронски отпад. Презентациите се оддржаа во ООУ „Братство“ и ООУ „Лазо Трповски“ и беа наменети за учениците од V-IX одделение.

image

Денеска, во основното училиште “Гоце Делчев“ во Центар беше презентиран проектот “Електричен отпад-создава можности“. Проектот е на Центарот за климатски промени, со поддршка на Елколект – лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема. Донаторот на проектот е Амбасадата на САД во Р. Македонија.

image

Денеска, во основното училиште “Гоце Делчев“ во Центар беше презентиран проектот “Електричен отпад-создава можности“. Проектот е на Центарот за климатски промени, со поддршка на Елколект – лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема. Донаторот на проектот е Амбасадата на САД во Р. Македонија.

image

Компаниите Екоцентар 97 и Елколект од денеска до недела организираат голема акција за собирање на електричен и електронски отпад, која ќе се одржи на Плоштадот Магнолија во Битола. Сите граѓани кои имаат стари електрични апарати, компјутери, монитори, процесори и други апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на оваа акција, ќе имаат можност да се ослободат од опасниот отпад а истовремено и ќе станат потенцијални добитници на многу вредни награди, за кои извлекувањето ќе се оддржи в недела во 12 часот.

image

Стари компјутери, машини за перење или телевизори мора да се рециклираат, а не да завршат на депонија, во реките или езерата. Третманот на електронскиот и електричниот отпад во нашата земја е во зачеток, иако количините кои се создаваат секоја година не се занемарливи.

ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани