Отпадни Батерии и Акумулатори

Отпадни Батерии и Акумулатори


Батериите наоѓаат голема примена во секојдневната употреба на човекот. Тие се насекаде околу нас. Се користат во далечинските управувачи, мобилните телефони, детските играчки, часовниците и каде уште не. Повеќето од овие батерии завршуваат во кош за отпадоци, а потоа на депониите. Батериите содржат опасни супстанции како цинк, литиум, олово, кадмиум па дури и жива.

Батериите кои завршиле на депониите, по извесен период можат да се излеат и да предизвикаат загадување на почвата и водата. Ова загадување е штетно за животните, човекот и целата животната средина.

Со сместување на батериите во кош за рециклирање, превземаме правилен чекор во заштитата на животната средина.


ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани