Отпадна Електрична и Електронска Опрема

Отпадна Електрична и Електронска Опрема



Секоја година во светот, со забрзано темпо се зголемува износот на електричен отпад што се фрла, што го чини овој вид на отпад, најбрзо растечки. Mилиони тони на отпадна електрична и електронска опрема, се отфрлени од страна на домаќинствата и компаниите.

Најчести причинители за ова зголемување се новите технологии и начинот на живот каде старото се заменува за ново.

Живееме во ера на забрзан техолошки развиток на општеството. Човекот секојдневно употребува некој од уредите што ги нуди современата технологија, било да е тоа мобилен телефон, компјутер, телевизиски апарат или пак користење на лифт во зградата каде живее или работи.

Но, како и се друго и овие апарати имаат свој век на траење. Во тој момент, потребно е да се донесе вистинска одлука и електричните и електронски уреди да се рециклираат.

ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани