Ги преземаме обврските на производителите-членки за спроведување на проширената одговорност и сме посветени за заштита на животната средина и животот и здравјето на луѓето.
Ја заштитуваме природата со правилно одложување на Е-Отпадот
Согласно Законот за управување со отпад, eлектричниот и електронски отпад не смее да се меша со други видови на отпад. Електричниот и електронски отпад може да содржи отровни и многу често канцерогени супстанци, па заради тоа е опасен по здравјето на луѓето и животната средина.
Рециклажа
Ракување
Во една секунда се создаваат 40 милиони тони на Е-Отпад.
60% од создадениот Е-Отпад завршува во депониите.
70% од тешките метали на депониите потекнуваат од електронската опрема.
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СОБРАНАТА ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА?
Во нашата држава, собраната отпадна електрична и електронска опрема по сортирањето согласно Листата на видови отпад (Сл. Весник на РМ бр. 100/05) се подложува само на третман што подразбира расклопување на истата, а потоа се предава на лиценцирани рециклатори.
Ги обезбедувме информациите неопходни за регистрација во Министерството за животна средина и просторно планирање и помагаме при пополнување на формуларите за регистрација;
Во ваше име организираме активности
Во ваше име организираме активности за подигнување на јавната свест за постапување со отпадна електрична и електронска опрема;
Воспоставуваме систем од собирни места низ целата држава
Воспоставуваме систем од собирни места на територијата на целата држава со цел собирање на максимални количини отпадна опрема и се грижиме истата да заврши на соодветно место;
Споделуваме совети за други области на животната средина
Ви обезбедуваме информации и совети и за други области на животната средина;
Обезбедуваме бесплатна инфраструктура
Бесплатно добивате инфраструктура за воспоставување на собирни места во вашите простории;
Ги преземаме вашите обврски за проширена одговорност
Ги преземаме вашите обврски за проширена одговорност во насока на исполнување на националните цели за собирање, преработка, рециклирање и реупотреба на отпадна електрична и електронска опрема;
Во ваше име обезбедуваме информации за крајните корисници
Во ваше име обезбедуваме информации за крајните корисници за местата за примарна селекција на отпадна електрична и електронска опрема;
Ви организираме бесплатно преземање на E-Отпадот
Ви организираме бесплатно преземање на отпадната електрична и електронска опрема која се создава при вашето работење или опремата која треба сметководствено да ја отпишете;
Помош при изготвување на извештаи
Ви помагаме при изготвување на извештаите за евиденција;
ЕЛКОЛЕКТ - станете член
Доколку Вашата компанија годишно пушта на пазарот во Република Северна Македонија или како краен корисник увезува опрема без посредник над 100 кг од категориите: 1 (опрема за температурна размена), 2 (екрани и монитори и опрема која содржи екрани со површина поголема од 100 cm2) и 4 (голема опрема) или над 50 кг од категориите 3 (светилки), 5 (мала опрема) и 6 (мала информатичко телекомуникациска опрема), тогаш станете наш член и искористете ги придобивките кои ги нудиме.