Oпштина

ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ НА ГРАДОНАЧАЛНИК

• Градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје, е должен да организира одделно собирање на отпадната опрема од домаќинствата, да организира нејзино собирање од овластен давател на услуги за собирање, да определи и организира собирни пунктови за одделно собирање на отпадната опрема во собирни центри или други времено определени локации на целата територија на општината, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, каде крајните корисници ќе можат бесплатно да ја остават отпадната опрема од домаќинствата.

• При определување на локациите на собирните центри треба да се земе предвид бројот на жителите во населеното место, при што треба да се обезбеди најмалку еден собирен центар на ниво на општина, односно најмалку по еден собирен центар за 30.000 жители Собирните центри ги вклучуваат и постојните места и локации за прием на одделно собрани фракции на комунален отпад, доколку овие места ги исполнуваат соодветните услови.

• Организационите единици за регионално управување со отпад и општините, општините во Градот Скопје и градот Скопје се должни да ја информираат јавноста за адресите на собирните центри на територијата на општината, општините во Градот Скопје и Градот Скопје вклучени во системот за управување со отпадна опрема или за локацијата на собирните места.