ЕЛКОЛЕКТ ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ГИ ДОДЕЛИ НАГРАДИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”

ЕЛКОЛЕКТ ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ГИ ДОДЕЛИ НАГРАДИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”

Во празнична атмосфера пред претставници на медиумите, во просториите на општина Ѓорче Петров, денес, на 29ти декември 2016та беа доделени наградите на извлечените добитници кои на територија на општината, учествуваа во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”, во организација на ЕЛКОЛЕКТ. Извлекувањето на наградите се одвиваше на 26ти декември кога беа извлечени три купони со бројчиња на тројцата најсреќни од големиот број учесници.

На средбата како домаќин се обрати градоначалникот Сокол Митровски кој се заблагодари на своите сограѓани за одзивот во оваа хумана акција што ја докажува нивната свест за зачувување на човековата околина, а воедно ја искажа својата благодарност кон организаторите на наградната игра – компанијата Елколект и изрази надеж во продолжување на успешната соработка.

Г-ѓа Фана Христовска управител на компанијата Елколект ги поздрави залагањата на тимот на општина Ѓорче Петров предводен од градоначалникот, по однос на активности за правилен третман на електронски и електричен отпад, истакнувајќи дека заедничките заложби секогаш резултираат со плод. Г-ѓа Христовска се осврна на задоволството од добрата соработка со општината и се заблагодари на големиот одѕив на граѓаните кои со својот сериозен однос придонесуваат не само за зачувување на својата чиста околина и својата општина, градот и земјата, туку и за зачувување на планетата земја.
Управителката на Елколект и градоначалникот на општина Ѓорче Петров лично ги врачија наградите на тројцата добитници посакувајќи здравје на семејствата, убави празници и среќа во Новата година на сите граѓани на Република Македонија.

НАГРАДЕНИ ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ   

ВИД НАГРАДА

ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ИМЕ НА ДОБИТНИК

ПРАВОСМУКАЛКА

007395

Донев Слободан

ТЕЛЕВИЗОР

005258

Русевски Атанас

ЛАПТОП

006272

Трајковска Снежана

Поврзани објави