Елколект и Електро Еко Грижа со ново собирно место во Ист Гејт Мол Елколект и Електро Еко Грижа, воспоставија...
ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, награди 20 учесници во наградната игра од Општините: Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце
Компанијата Елколект ги награди совесните граѓани за правилниот третман на електричниот и електронски отпад во општините Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце. Во општините Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце, се извлекоа 20те наградни купони на учесниците кои во тек на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” оставаа електричен и електронски отпад во еко магацините на Елколект.
Компанијата Елколект во соработка со општините Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце, во периодот од 2ри мај 2017та, ја отпочна наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме”. Извлекувањето на наградите за учесниците од овие општини се одржа на 28ми јуни кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди Елколект со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со електричниот и електронски отпад. Извлекувањата во четирите општини се одвиваа во секоја општина посебно, во простории одредени од општината а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од соодветната општина и еден член од Елколект. Во секоја од петте општини беа организирани соодветни, пригодни настани на кои присуствуваа и дел од учесниците.
„Жителите на општините покажаа голем интерес за наградната игра и високо ниво на еколошка свест, додека соработката со општинските тимови и градоначалниците беше плодна и констуктивна. На денот на извлекувањето на добитниците од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме“, која ја организираше компанијата Елколект, Град Скопје, нам ни ја додели наградата за компанија со најголем придонес за животната средина за 2017та. Исклучително важно признание и уште поголем поттик, компанијата Елколект низ континуирана работа да продолжи да ги едуцира и да ја јакне свеста кај граѓаните за потребата од селектирање на отпад со акцент на примарната селекцијата на електронскиот и електричен отпад. Оваа награда воедно е и признание за секој еколошки свесен граѓанин на Република Македонија, кој учествува во нашите наградни игри и еко акции и со тоа дава директен придонес кон зачувување на животната средина. “ –изјави Фана Христовска – управител на Елколект.
На пригодните настани, во секоја од четирите општини, се извлекуваа купоните добиени за оставени електрични и електронски апарати во магацините на Елколект во времетраење на наградната игра. Учесниците кои присутвуваа на извлекувањето и го имаа другиот дел од купонот со извлечениот број, имаа можност веднаш да си ја подигнат наградата. Учесниците кои не присуствуваа на извлекувањата, а нивниот купон со реден број е во извлечените, имаат можност заклучно со 31ви јули да се јават во нивната општина или во Елколект и да си ја подигнат наградата. Подигањето на наградите се врши со другиот дел од купонот – како доказ и со документ за лична идентификација.
РЕЗУЛТАТИ ОД НАГРАДНА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ИЗВЛЕЧЕНИ КУПОНИ: Лед телевизор 004049 / Фотоапарат 004158 / Смарт телефон 004115 / ДВД 004180 / Тостер 004107 /
ОПШТИНА КУМАНОВО ИЗВЛЕЧЕНИ КУПОНИ: Лед телевизор 000484 / Фотоапарат 000932 / Смарт телефон 000887 / ДВД 000903 / Тостер 000850 /
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ИЗВЛЕЧЕНИ КУПОНИ: Лед телевизор 002186 / Фотоапарат 002154 / Смарт телефон 002125 / ДВД 002072 / Тостер 002123 /
ОПШТИНА РАНКОВЦЕ ИЗВЛЕЧЕНИ КУПОНИ: Лед телевизор 002825 / Фотоапарат 002455 / Смарт телефон 002876 / ДВД 002802 / Тостер 002431 /
Во текот на оваа година, Елколект планира реализација на нови акции и наградни игри по другите општини со кои соработува на планот на конкретни решенија за ослободување од електричниот и електронски отпад и подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од примарна селекција на овој вид отпад. Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект сака да се заблагодари на сите граѓаните кои својот е-отпад го оставаат на пропишаните места, а воедно да ги поттикне и останатите за правилно постапување со овој вид на отпад потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.
Поврзани објави
Елколект – 10 години одговорен однос кон природата
Неготино со нов чекор кон културна и еколошка одговорност Во соработка со Елколект, ЈКП Комуналец Неготино и Општина Неготино,...