Елколект и Електро Еко Грижа со ново собирно место во Ист Гејт Мол Елколект и Електро Еко Грижа, воспоставија...
Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Дебарца
Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Дебрца, каде беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” оставаа електричен и електронски отпад во Еко магацинот на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје. Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје во соработка со Општината Дебрца, во периодот од 04.09 до 31.10.2017 година, го реализираше третиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме”. Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа општина се одржа на 31.10.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со електричниот и електронски отпад. Извелкувањето на наградените купони, беше организирано во просториите на Општината, с. Белчишта, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ:
Добитни купони се:
НАГРАДА | СЕРИСКИ БРОЈ | |
---|---|---|
1 | Тостер Хјундај SM 626 | 004410 |
2 | Pionir DVD | 004363 |
3 | Телефон LTE – G Class | 004384 |
4 | Фотоапарат Sony DSC – W800B | 004397 |
5 | LED TV | 004395 |
Наградите може да се подигнат од просториите на Општина Дебрца.
ЕЛКОЛЕКТ доо – Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Дебрца и ги поканува да продолжат да го селектираат и оставаат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.
Поврзани објави
Елколект – 10 години одговорен однос кон природата
Неготино со нов чекор кон културна и еколошка одговорност Во соработка со Елколект, ЈКП Комуналец Неготино и Општина Неготино,...