Елколект и Електро Еко Грижа, воспоставија ново собирно место за собирање дотраена мала електрична и електронска опрема, вклучувајќи и искористени светилки. Оваа иницијатива е дел од нашите напори за зачувување на животната средина и правилно управување со електронскиот отпад.
Локација на собирното место – Ист Гејт Мол. Ги повикуваме посетителите на Ист Гејт Мол, кои имаат дотраени уреди од ваков тип да ја искористат можноста и истите да ги одложат на правилен начин, и така да придонесат за зачувување на животната средина.