ЕЛКОЛЕКТ – Член На WEEE Forum, Меѓународна Асоцијација На Колективни Постапувачи За Електричен И Електронски Отпад
На 28.05.2024 на Генералното Собрание на WEEE Forum во Луксембург, Елколект беше едногласно примен во полноправно членство на WEEE Forum – Меѓународна асоцијација на колективни постапувачи со електричен и електронски отпад.
Ова претставува меѓународна потврда на залагањата и успесите што ги постигнува Елколект во изминатите 10 години во воспоставувањето на функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема.



