Неготино со нов чекор кон културна и еколошка одговорност Во соработка со Елколект, ЈКП Комуналец Неготино и Општина Неготино,...
10 години ЕЛКОЛЕКТ
Елколект оваа година одбележува 10 години постоење и посветена работа на полето на управување со отпадна електрична и електронска опрема. На прв поглед можеби и не изгледаат многу, меѓутоа тоа се најважните години за една компанија. Тоа се години кога компанијата се вкоренува, се бори со предизвиците на секојдневието, учи, се менува и прилагодува на условите на пазарот. Доколку основата е силна тогаш успева да расте и се развива, затоа што според законот на природата успеваат само најсилните.
Во првите десет години Елколект максимално се посвети на собирање отпадна електрична и електронска опрема и ги постави стандардите за примарна селекција на овој тек на отпад во Република Северна Македонија. Воспоставивме ефикасна мрежа за собирање е-отпад во која се вклучени општини, приватни компании и даватели на јавни комунални услуги. Нашата мрежа брои над 500 собирни места. Дополнително, за населението кое во непосредна близина нема собирно место безбедуваме преземање на е-отпад од самите домови.
Во првата деценија од нашето работење, собравме и соодветно преработивме 4.300 тони отпадна електрична и електронска опрема од кои 1.400 тони само оваа година а продолжуваме и понатаму. Нашата крајната цел е чиста животна средина без е-отпад.
Покрај воспоставувањето на собирни места и собирањето е-отпад, максимално се посветивме на подигнување на јавната свест за негативното влијание на е-отпадот врз здравјето на луѓето и животната средина и реализиравме низа акции и кампањи. Ова е третиот а можеби и најзначајниот столб во управувањето со отпадната електрична и електронска опрема на кој ќе посветиме особено внимание и во иднина.
Previous Story
Дополнување на инфраструктура во општина Берово
Поврзани објави
Дополнување на инфраструктура во општина Берово Дополнета е инфраструктурата за управување со електронски отпад во Општина Берово, во соработка...
Надополнета постоечка инфрастриктура во Општина Крива Паланка, со нов собирен центар, во соработка со ЈКП Комуналец – Крива Паланка....