Skip to content
Емаил адреса: elkolekt@gmail.com info@elkolekt.mk Телефон: +389 (0) 71 263 500
Elkolekt
February 8, 2024

Донација на Елколект на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања КОЗЛЕ

На 19.09.2017 година, во проториите на институтот за белодробни заболувања КОЗЛЕ, компанијата Елколект, ја донираше наградата за компанија со најголем придонес во заштитата на животната средина за 2017 од град Скопје. Донацијата се состои од неопходни Calshake производи (млечен протеин, масти и јагленихидрати), наменети за децата кои се болни од цистична фиброза.

Претставник од Елколект, донацијата му ја врачи на раководителот на одделението за „Цистична Фиброза“,  др. Оливер Зафировски, кој на компанијата Елколект и ја честиташе наградата и изрази благодарност за донацијата и придонесот на Елколект за подобрување на здравјето на децата болни од цистична фиброза.

Како колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема компанијата Елколект, своето знаење и вештини ги насочува кон воспоставување функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, на начин кој нема да создава дополнителен товар на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија.

Подготвени за следниот чекор?

Поврзете се со ЕЛКОЛЕКТ и изберете ја точната услуга за вашата законска обврска.

Зачленување
TEL ПРИЈАВА ЗА Е-ОТПАД