Семеен предизвик: Собери 5 уреди и направи простор за подобри навики

Зошто сѐ уште не зборуваме доволно за е-отпадот?

Скоро секој дом има фиока, катче или кутија каде што се собираат стари електронски уреди – телефони, полначи, далечински, глувчиња, звучници, мали кујнски апарати… Уреди кои не ги користиме, а сепак ги чуваме со години.

Проблемот е што јавната свест за е-отпадот е загрижувачки ниска. Луѓето често не знаат што да прават со овие уреди, па ги фрлаат со обичниот отпад, што е исклучително штетно за животната средина.

Според светски податоци, количината на е-отпад годишно е еквивалентна на 1,55 милиони камиони поставени еден зад друг околу целата Земја. Овие уреди испуштаат токсични материи и ја загадуваат почвата, водата и воздухот.

Мал чекор од вашиот дом – голема промена за природата

Ова лето, поставете си семеен предизвик:

Соберете најмалку 5 стари електронски уреди што не ги користите.

Не е потребен голем напор, само отворете ја фиоката што ја заборавате. Организирајте ја активноста како игра:

  • Кој ќе најде уред што најдолго бил заборавен?
  • Кој ќе пронајде уред чија намена е мистерија?
  • Кој ќе предложи најдобар план за предавање на отпадот?

Користете картонска кутија за собирање, ставете ѝ креативно име и поставете ја на видно место во домот.

Што понатаму?

Кога ќе ја наполните кутијата, закажете бесплатно преземање на отпадот преку Елколект, лиценциран колективен постапувач за електричен и електронски отпад. Тоа може да го направите со пополнување на пријавата на нашата веб-страница.

Запомнете:

Овој отпад не е безопасен. Само преку овластени постапувачи како Елколект се обезбедува безбедно и еколошко превземање и негова преработка и рециклажа, без загадување на природата.

Поврзани објави