Стар апарат, нов почеток како правилно да се ослободите од е-отпадот 

Сте се запрашале ли некогаш што се случува со стариот мобилен, лаптопот, телевизорот или електричниот уред што одамна веќе не го користите? Уредите кои некогаш биле составен дел од нашето секојдневие лесно остануваат заборавени во некој агол од домот. Поради брзиот технолошки напредок и намалениот животен век, често сме принудени да ги заменуваме уредите многу порано од очекуваното што директно води до зголемување на количината на отпад. 

Е-отпадот претставува сериозен еколошки и здравствен предизвик во светот и често содржи супстанции кои можат да бидат опасни доколку не се третираат правилно. Наместо старите уреди да останат заборавени или, уште полошо, да завршат заедно со останатиот комунален отпад, важно е да се запознаеме со правилниот начин на постапување со нив. 

Што претставува е-отпад? 

Е-отпад е секој електричен или електронски уред што веќе не се користи. Од мобилни телефони, лаптопи, полначи и кабли, до поголеми уреди како фрижидери, машини за перење, телевизори или клима уреди. Овој отпад често содржи токсични, а во некои случаи и канцерогени супстанци, кои доколку не се рециклираат правилно, можат да ја загадат почвата, воздухот и водата, со што сериозно се загрозува животната средина и човековото здравје. 

На пример дали знаете дека : 

  • Според Глобалниот монитор за е-отпад на Обединетите нации, во 2022 година  е генерирано 62 милијарди килограми е-отпад ширум светот; 
  • Размерите на проблемот се еквивалентни на 1,55 милиони камиони со е-отпад кои се протегаат околу екваторот на Земјата; 
  • Во земјите од Западен Балкан за само 10 години на пазарите е пласирана повеќе од 100% електрична и електронска опрема;  
  • За истиот период во земјите од регионот е генериран е-отпад кој бележи пораст од 67%; 
  • Стапката на собирање на е-отпад во овие земји, за истиот период, изнесува само 27%; 
  • Според Годишниот извештај за квалитетот на животната средина на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, во текот на 2022 година количината на ЕЕO пуштена на пазарот во нашата земја изнесува 17.161,39 ; 
  • Според истиот извештај количината на собран отпад во нашата земја   изнесува 5.169,27 тони, а од него рециклирани и преработени, се 4.724,77 тони 
  • Процентот на собрана и рециклирана опрема во нашата земја во текот на 2022 година, изнесува  27,53%;  
  • Количината на создаден е-отпад во светот расте пет пати побрзо од стапката на собирање и рециклирање; 
  • Количината на создаден е-отпад до 2030 година се очекува да достигне 82 милијарди килограми; 
  • 60% од создадениот еотпад завршува нерециклиран на депониите; 
  • 70% од тешките метали на депониите потекнуваат од електронската опрема; 
  • Во просечно домаќинство од вкупно 74  е-производи, 13 се чуваат. Од нив 9 кои сеуште работат, но не се користат и 4 кои се комплетно расипани и неупотребливи; 
  • Малата забавна електроника и додатоци како што се слушалките или далечинските управувачи, се на врвот на листата на зачувани производи, 

Препораки за сеопфатен пристап  

  • Да се спречи создавањето на повеќе отпад; 
  • Да се биде повеќе свесен; 
  • Да се собира повеќе;  
  • Да се третира подобро, да работи безбедно, да загадува помалку. 

Кога е време да се ослободите од старите уреди? 

Доколку уредот повеќе не ги исполнува своите функции, не се вклучува, работи нестабилно или е веќе технолошки застарен, тоа се јасни знаци дека веќе не ви служи. Овие уреди можеби имаат емоционална вредност или едноставно сме навикнати да ги чуваме „за секој случај“, но нивното присуство без функција создава неред и потенцијален еколошки предизвик. Доколку ги препознаваш следниве знаци, време е да го предадеш уредот.  

  • повеќе не работи или често се расипува, 
  • поправката е поскапа од купување на нов уред, 
  • не сте го користеле подолго од една година, 
  • или едноставно ви зафаќа простор без да е во функција, 

 

Како Елколект го олеснува процесот? 

Преку бесплатната услуга за подигнување на електричен и електронски отпад од домаќинства, Елколект овозможува едноставно решение за сите што сакаат да постапат одговорно. Постапката е следна: 

  • Соберете ги уредите што повеќе не ги користите како на пример – мобилни телефони, лаптопи, кабли, апарати и слично. 
  • Пријавете го отпадот преку нашата веб-страница: www.elkolekt.mk 
  • Нашиот тим ќе го подигне отпадот од вашата адреса во термин што најмногу ви одговара. 

Практично со секој уред што ќе го предадете вие директно придонесувате кон зачувување на природните ресурси, заштеда на енергија и CO2 го намалувате загадувањето, ја поддржувате циркуларната економија и давате личен пример за одговорно постапување со отпадот. 

Дополнително, ќе ослободите простор во вашиот дом и ќе направите чекор напред кон поодржлив начин на живеење. 

Пријавете го е-отпадот од вашето домаќинството   

Поврзани објави