Завршен вториот циклус од Наградната игра „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ за 2019 година

Со завршетокот на месец Јуни го завршивме и вториот циклус од наградната игра која беше спроведена на територија на општина Крива Паланка и општина Штип во период од 02.05.2019 до 28.06.2019 година. И овој циклус како и сите досегашни заврши со голема количина собран е-отпад, што ни кажува дека кај граѓаните е развиена еколошката свест за примарна селекција на овој вид на отпад.

Извлекувањето на среќните добитни купони беше спроведено на 28.06.2019 во:

  • – Општина Крива Паланка, во10:00 часот, во големата сала на Општина Крива Паланка, на ул. Св. Јоаким Осоговски бр. 175 и
  • – Општина Штип, во 14:00 часот, во Сала 2 на Општина Штип на ул. Васил Главинов бр. 4 б.

На извлекувањето, кое беше од јавен карактер присуствуваа голем број на заинтересирани граѓани од Општините кои го донесоа својот е-отпад и придонесоа за почиста животна средина во нивната Општина.

Доделени награди во Општина Крива Паланка:

 ОПИСКОЛИЧИНАБРОЈ НА НАГРАДЕН КУПОН
1Таблет 7“1003343
2Цедалка1003402
3Тастарура + Глувче со USB1003459
4Апарат за смути1003329
5Фен за коса1003392
5Сецко1003374
5Будилник1003466

Доделени награди во Општина Штип:

 ОПИСКОЛИЧИНАNБРОЈ НА НАГРАДЕН КУПОН
1Таблет 7“1001831
2Цедалка1001889
3Тастарура + Глувче со USB1001835
4Апарат за смути1001880
5Фен за коса1001800
5Сецко1001869
5Будилник1001826

Добитниците кои не беа присутни на јавното извлекување на наградните купони и не ги подигнаа своите награди, истото можат да го сторат во рок од 60 календарски денови од денот на извлекувањетово просториите на Општините и тоа:

  • – Општина Крива Паланка со адреса: Св. Јоаким Осоговски бр. 175 и
  • – Општина Штип со адреса: Васил Главинов бб.

На сите среќни добитници им честитаме за добиените награди и им благодариме за учеството. Се надеваме дека ќе продолжат и понатаму да го селектираат својот Е-Отпад и со тоа ќе придонесат за чиста и здрава животна средина во нивната Општина.

Поврзани објави