Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Битола

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Битола

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Битола, каде беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” оставаа електричен и електронски отпад во Еко магацинот на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје во соработка со Општина Битола и ЈКП „Комуналец“ – Битола, во периодот од 04.09 до 31.10.2017 година, го реализираше третиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме”. Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа Општина се одржа на 31.10.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со електричниот и електронски отпад. Извелкувањето на наградените купони, беше организирано во просториите на ЈКП „Комуналец“, ул. 16 бб, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ:

 

 НАГРАДАСЕРИСКИ БРОЈ
1Тостер Хјундај SM 626018015
2Pionir DVD018003
3Телефон LTE – G Class018037
4Фотоапарат Sony DSC – W800B018043
5LED TV018020



Наградите може да се подигнат од просториите на ЈКП „Комуналец“, ул. 16 бб.

ЕЛКОЛЕКТ доо – Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Битола и ги поканува да продолжат да го селектираат и остaваат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.

Поврзани објави