Неготино со нов чекор кон културна и еколошка одговорност Во соработка со Елколект, ЈКП Комуналец Неготино и Општина Неготино,...
Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги извлече среќните добитници во Општина Василево
Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со Електричниот и Електронски Отпад во Општина Василево. Беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” оставаа Електричен и Електронски Отпад во Еко магацинот на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.
Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје во соработка со Општина Василево, во периодот од 02.10 до 29.11.2017 година, го реализираше четвртиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме”. Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа Општина се одржа на 29.11.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со Електричниот и Електронски Отпад. Извлекувањето на наградените купони, беше организирано во просториите на Општината Василево, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје:
НАГРАДЕНИ ВО ОПШТИНА ВАСИЛЕВО:
НАГРАДА | СЕРИСКИ БРОЈ | |
---|---|---|
1 | Тостер Хјундај SM 626 | 016420 |
2 | DVD PIONEER | 016434 |
3 | Мобилен телефон LTE – G Class | 016467 |
4 | Фотоапарат SONY DSC – W800B | 016405 |
5 | LED TV HYUNDAI | 016374 |
Наградите може да се подигнат од просториите на Општина Василево, с. Василево.
ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Василево и ги поканува да продолжат да го селектираат и остaваат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.
Поврзани објави
10 години ЕЛКОЛЕКТ Елколект оваа година одбележува 10 години постоење и посветена работа на полето на управување со отпадна електрична и електронска опрема. На прв...
Дополнување на инфраструктура во општина Берово Дополнета е инфраструктурата за управување со електронски отпад во Општина Берово, во соработка...