Успешно завршен прв циклус од Наградната игра „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“

Првиот циклус од наградната игра, која беше спроведена на територија на Општина Македонска Каменица, Виница и Свети Николе, а беше во период од 10.04.2018 до 30.05.2018, успешно заврши со собрана голема количина на отпадна електрична и електронска опрема, што ни дава за право да кажеме, дека еколошката свест кај граѓаните е навистина на високо ниво и истите не дозволуваат овој отпад да заврши на депониите заедно со останатиот комунален отпад.

Извлекувањето на среќните добитни купони, кои граѓаните ги добиваа со донесен електричен и електронски отпад, беше спроведено на 31.05.2018 во просториите на Општините и Комуналните Претпријатија од овие Општини, под водство на три члена комисија составено од претставници од ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, Општината и Комуналното Претпријатие, а во присуство на граѓани од Општината.

Доделени награди во Македонска Каменица:

ОПИС;КОЛИЧИНАБРОЈ НА НАГРАДЕН КУПОН
Правосмукалка1004526
Миксер1004533
Блендер1000530
Пегла1004554
Електрична ударна Дупчалка ED-E1004480
Електрична аголна Брусалка AG1004462
HP Принтер LaserJet Pro M12a1004475

Доделени награди во Виница:

ОПИС;КОЛИЧИНАБРОЈ НА НАГРАДЕН КУПОН
Правосмукалка1004603
Миксер1004649
Блендер1004659
Пегла1004637
Електрична ударна Дупчалка ED-E1004685
Електрична аголна Брусалка AG1004689
HP Принтер LaserJet Pro M12a1000783

Доделени награди воСвети Николе:

ОПИС;КОЛИЧИНАБРОЈ НА НАГРАДЕН КУПОН
Правосмукалка1004319
Миксер1004328
Блендер1004215
Пегла1004241
Електрична ударна Дупчалка ED-E1004213
Електрична аголна Брусалка AG1004247
HP Принтер LaserJet Pro M12a1004253

Добитниците кои не ги подигнаа своите награди, истото можат да го сторат до 30.06.2018 и тоа:

  • – Македонска Каменица, во просториите на ЈП Камена Река,
  • – Виница, во просториите на ЈП Солидарност и
  • – Свети Николе, во просториите на ЈП Комуналец.

На сите среќни добитници им ги честитаме наградите и им благодариме за учеството, со надеж дека ќе продолжат и понатаму да го селектираат својот отпад.

Поврзани објави