Рециклирајте го вашиот е-отпад – Критично e! | 14 Октомври – Меѓународен ден на е-отпад 2025 година се фокусира...
ЕЛКОЛЕКТ СО НАГРАДЕН КАРАВАН ОДБЕЛЕЖА УСПЕШЕН КРАЈ НА НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”
Извлечени се 15-те наградни купони, на учесниците кои во тек на наградната игра оставаа електричен и електронски отпад во еко магацините на Елколект, во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци.
Во петте општини на 26ти декември 2016та, се организираа пригодни настани на кои присуствуваа дел од учесниците, тим на општините и претставници на Елколект.
Голем интерес од граѓаните, конструктивна соработка со општински тимови и поддршка од градоначалниците, вака тимот на Елколект ја сумираше акцијата преку која беше осмислено да се поттикнат и наградат совесните граѓани за правилниот третман на електричниот и електронски отпад во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци. Наградната игра на Елколект „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” започна на 28ми ноември 2016та година а заврши токму во празничниот период во времето за дарување.
Фана Христовска – управител на Елколект изјави дека е задоволна од резултатот на наградната игра и од соработката со општините, посочувајќи дека ваков вид на акции е од искучителна важност за едукација и јакнење на свеста кај граѓаните за потребата од селектирање на отпад со акцент на посебниот третман кон селекцијата на електронскиот и електричен отпад. Таа се заблагодари на граѓаните на петте општини кои земаа учество во наградната игра тие директно придонесоа да се намали штетното влијание врз животната средина и здравјето на луѓето од овој тип на отпад.
На 26ти декември 2016та награден караван на Елколект ги посети 5те општини во кои се организираше наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”. Општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Богданци и Гевгелија беа домаќини на последниот ден од наградната игра и секоја од општините го одбележа на свој начин со пригоден настан на кој беа извлечени наградните купони.
Во дел од општините, на овие пригодни настани присуствуваа и градоначалниците.
Сокол Митровски градоначалник на општина Ѓорче Петров се заблагодари на граѓаните на општината за учеството во селекцијата на овој тип на отпад и ја поздрави иницијативата на Елколект за наградување на совесните граѓани. Тој истакна дека граѓаните се креатори на општината во која живеат и нивното учество во оваа акција на Елколект докажува дека свеста за потреба од еколошки чиста општина е на се повисоко ниво.
Драги Наџински – градоначалник на општина Берово се осврна на позитивната соработка со  Елколект  и го истакна своето задоволство од успешната акција, потенцирајќи го високиот степен на еколошка свест кај своите сограѓани како и разбирањето на важноста за примарна селекција на отпадот.
Извлекувањата во петте општини се одвиваа во секоја општина посебно, во простории одредени од општината а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од соодветната општина и  по еден член од Елколект.
Во секоја од петте општини беа организирани соодветни настани на кои присуствуваа и дел од учесниците. Се извлекуваа купоните добиени за оставени електрични и електронски апарати во Елколект магацините во времетраење на наградната игра. Учесниците кои присутвуваа на извлекувањето и го имаа другиот дел од купонот со извлечениот број, имаа можност веднаш да си ја подигнат наградата. Учесниците кои не присуствуваа на извлекувањата, а нивниот купон со реден број е во резултатите од извлекувањето,  имаат можност заклучно со 31ви јануари да се јават во нивната општина или во Елколект и да си ја подигнат наградата. Подигањето на наградите се врши со другиот дел од купонот – како доказ и со документ за  лична идентификација.
РЕЗУЛТАТИ ОД НАГРАДНА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”
ОПШТИНА КАРПОШ
| ВИД НАГРАДА | ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ | 
| ПРАВОСМУКАЛКА | 002782 | 
| ТЕЛЕВИЗОР | 002797 | 
| ЛАПТОП | 004194 | 
ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
| ВИД НАГРАДА | ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ | 
| ПРАВОСМУКАЛКА | 007395 | 
| ТЕЛЕВИЗОР | 005258 | 
| ЛАП ТОП | 006272 | 
ОПШТИНА БЕРОВО
| ВИД НАГРАДА | ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ | 
| ПРАВОСМУКАЛКА | 009611 | 
| ТЕЛЕВИЗОР | 009849 | 
| ЛАПТОП | 009718 | 
ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
| ВИД НАГРАДА | ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ | 
| ПРАВОСМУКАЛКА | 008068 | 
| ТЕЛЕВИЗОР | 007825 | 
| ЛАПТОП | 008078 | 
ОПШТИНА БОГДАНЦИ
| ВИД НАГРАДА | ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ | 
| ПРАВОСМУКАЛКА | 010704 | 
| ТЕЛЕВИЗОР | 009025 | 
| ЛАПТОП | 010715 | 
Токму во овој убав празничен период, Елколект внесе дополнителна радост. Најрадосни беа сопствениците на извлечените наградни купони кои присуствуваа на извлекувањето и веднаш си ги подигнаа наградите.
Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот електричен и електронски отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на овој вид отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.
Previous Story
„ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” ВО ОПШТИНА Берово
Поврзани објави
Рециклирајте го вашиот е-отпад – КРИТИЧНО Е! Рециклирајте го вашиот е-отпад – тоа е од клучно значење! Меѓународниот ден...
Елколект и Електро Еко Грижа со ново собирно место во Ист Гејт Мол Елколект и Електро Еко Грижа, воспоставија...




