Рециклирајте го вашиот е-отпад – Критично e! | 14 Октомври – Меѓународен ден на е-отпад 2025 година се фокусира...
Завршен првиот циклус од Наградната игра „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ за 2019 година
Првиот циклус од наградната игра спроведена во период од 17.04.2019 до 13.06.2019 на територија на Општина Неготино и Радовиш, успешно заврши.
Извлекувањето на среќните добитни купони е спроведено на 17.06.2019 во:
- Општина Неготино, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Центарот за Култура Ацо Ѓорчев, на адреса ул. Даме Груев б.б. – Неготино и
- Општина Радовиш, со почеток во 14:00 часот, во Центарот за Култура Ацо Караманов, на адреса ул. 22 Октомври б.б. – Радовиш.
Извлекувањето беше од јавен карактер и истото се одвиваше под водство на тричлена комисија составенa од претставници од ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, Општините и Јавните Комунални Претпријатија, а во присуство на заинтересирани граѓани од Општините.
Доделени награди во Општина Неготино:
ОПИС | КОЛИЧИНА | БРОЈ НА НАГРАДЕН КУПОН | |
---|---|---|---|
1 | Таблет 7“ | 1 | 001589 |
2 | Цедалка | 1 | 001547 |
3 | Тастарура + Глувче со USB | 1 | 001549 |
4 | Апарат за смути | 1 | 001523 |
5 | Фен за коса | 1 | 003502 |
5 | Сецко | 1 | 001545 |
5 | Будилник | 1 | 003517 |
Доделени награди во Општина Радовиш:
ОПИС | КОЛИЧИНА | NБРОЈ НА НАГРАДЕН КУПОН | |
---|---|---|---|
1 | Таблет 7“ | 1 | 003049 |
2 | Цедалка | 1 | 003134 |
3 | Тастарура + Глувче со USB | 1 | 003843 |
4 | Апарат за смути | 1 | 003036 |
5 | Фен за коса | 1 | 003842 |
5 | Сецко | 1 | 003053 |
5 | Будилник | 1 | 003952 |
Добитниците кои не беа присутни на јавното извлекување на наградните купони и не ги подигнаа своите награди, истото можат да го сторат во рок од 60 календарски денови од денот на извлекувањето во просториите на Општините и тоа:
- Општина Неготино со адреса: ул. Ацо Аџи Илов бр. 2 – Неготино и
- Општина Радовиш со адреса: бул. Александар Македонски бр. 7 – Радовиш.
На сите среќни добитници им честитаме за добиените награди и им благодариме за учеството. Се надеваме дека ќе продолжат и понатаму да го селектираат својот Е-Отпад и со тоа ќе придонесат за чиста и здрава животна средина.
Previous Story
СООПШТЕНИЕ
Поврзани објави
Рециклирајте го вашиот е-отпад – КРИТИЧНО Е! Рециклирајте го вашиот е-отпад – тоа е од клучно значење! Меѓународниот ден...
Елколект и Електро Еко Грижа со ново собирно место во Ист Гејт Мол Елколект и Електро Еко Грижа, воспоставија...