Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје во соработка со Општина Ново Село, во периодот од 02.10 до 29.11.2017 година, го реализираше четвртиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме”. Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа Општина се одржа на 29.11.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со Електричниот и Електронски Отпад. Извелкувањето на наградените купони, беше организирано во просториите на Општината Ново Село, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје:
НАГРАДЕНИ ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛО:
| НАГРАДА | СЕРИСКИ БРОЈ | |
|---|---|---|
| 1 | Тостер Хјундај SM 626 | 016009 | 
| 2 | DVD PIONEER | 016019 | 
| 3 | Мобилен телефон LTE – G Class | 016080 | 
| 4 | Фотоапарат SONY DSC – W800B | 016091 | 
| 5 | LED TV HYUNDAI | 016106 | 
Наградите може да се подигнат од просториите на Општина Ново Село, ул. Мануш Турновски бр. 14а.
ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Ново Село и ги поканува да продолжат да го селектираат и остaваат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.




