Рециклирајте го вашиот е-отпад – КРИТИЧНО Е! Рециклирајте го вашиот е-отпад – тоа е од клучно значење! Меѓународниот ден...
Рециклирајте го вашиот е-отпад – Критично e! | 14 Октомври - Меѓународен ден на е-отпад 2025 година се фокусира на критичните суровини
Како што побарувачката за паметни телефони, електрични возила, соларни панели и друга технологија продолжува да расте, така расте и потребата за материјалите што прават овие уреди да работат.
Оваа година, Меѓународниот ден на е-отпадот – кој се одржува на 14 октомври 2025 година – ќе ги стави во центарот на вниманието критичните суровини како литиум, кобалт, никел, елементи од ретки земји и бакар, што се ископуваат само во неколку земји во светот и се клучни за поттикнување на зелената и дигиталната транзиција.
Зошто критичните суровини се толку критични?
Иако многу луѓе досега слушнале за критичните суровини, не сите од нив знаат дека овие елементи може да се повратат од неискористени или расипани електронски производи што лежат во нашите фиоки и подруми. Ова е причината зошто 8-то издание на Меѓународниот ден на е-отпадот (#ewasteday) ќе се фокусира на подигнување на свеста за овој факт.
Во Европа, неодамнешниот Закон за критични суровини поставува амбициозни цели: до 2030 година, 10% од годишната потрошувачка на критични суровини треба да се набавува дома, 40% треба да се обработуваат во рамките на ЕУ, а 25% треба да доаѓаат од рециклирање. Оваа последната цел не може да се постигне без да се соберат поголеми количини на е-отпад и да не се развие поспецијализирана технологија.
Наметнато од оваа легислатива, во моментов се развиваат нови иновативни технологии за да се овозможи ефикасно рециклирање на критичните материјали, кои се достапни само во многу мали количини во искористената електронска опрема
Една неодамнешна студија чиј автор е Холандската организација за применети научни истражувања покажува дека селективното обновување на критичните материјали од е-отпад може да придонесе до 31% од сегашната побарувачка во ЕУ. Сепак, фокусот врз основа на тежина на законодавството за ОЕЕЕ не успева да создаде стимулации за обновување на овие материјали. Тековните системи даваат приоритет на волуменот пред вредноста. Други извештаи, како што е неодамна објавената студија на Deloitte, исто така инсистираат на промени во Директивата за отпад од електрична и електронска опрема со цел да се овозможат повеќе циркуларни пристапи.
Што можеме да направиме?
Законодавството и технологијата нема да бидат од голема помош, освен ако потрошувачите не го направат клучниот чекор да ги донесат своите неупотребливи електрични и електронски уреди на крајна селекција во наменски собирни места. Студијата на WEEE Forum (Меѓународна организација на колективни постапувачи) и UNITAR покажа дека домаќинствата поседуваат просечно 74 EEE артикли (без светилки), од кои 61 уред е во употреба, девет само се чуваат, но работат, а четири се чуваат и воопшто не работат.
Вкупната маса на предмети во домаќинствата е 90 милиони тони (Mt) од кои 7 Mt се чуваат и работат, а 3 Mt се чуваат но се расипани и воопшто не се во функција.
Повеќето луѓе имаат стари телефони, лаптопи, полначи или други електронски предмети кои седат заборавени во фиоки. Со правилно одложување на овој вид уреди на соодветни места за собирање, потрошувачите играат директна улога во задржувањето на критичните ресурси и поддршката на кружната економија.
Отаму, Елколект како колективен постапувач за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема во Македонија, и активен член во WEEE Forum , активно се вклучува во одбележувањето на меѓународниот ден на Е-отпад.
Оваа година, тoa го чини со поставување на првата вендинг машина за собирање на мал електричен отпад во Македонија.
Со цел подигнување на јавната свест за ваквиот вид на отпад и правилно постапување со истиот, особено кај најмладата популација, оваа машина најнапред е поставена во основното училиште
О.У Круме Кепески во Скопје, а од таму караванот ќе продолжи да се движи низ целата држава.
Next Story
No story to show!
Поврзани објави
Елколект и Електро Еко Грижа со ново собирно место во Ист Гејт Мол Елколект и Електро Еко Грижа, воспоставија...
Елколект – 10 години одговорен однос кон природата